Zeynep Özbay
18 Декември 2016•Ажурирај: 19 Декември 2016
ХАТАЈ (АА) – Во рамките на евакуацијата од источен Алепо, којшто е под опсада на режимските сили и странските терористички групи, со цел да се засолнат маргинализираните групи во случај на наплив на бегалци, во градчето Рејханли се прави бегалски камп со капацитет од илјада лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информации од Генералниот директоратот за печат и информации, критично ранетите лица, кои се евакуираат на безбедни места и се носат во Идлиб, потоа се земаат на лекување во Турција.
Исто така, продолжуваат активностите за можен наплив на бегалци. Во Рејханли се прават подготовки за цивилите кои ќе пристигнат, а за маргинализираните групи се прави бегалски камп со капацитет од илјада лица.
Во близина на граничниот премин кај Џилвеѓозу, се поставуваат 18 шатори со вкупна површина од 112 метри квадратни.
- Започнаа инфраструктурните подготовки -
Во координација со претседателството за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), утврдени се локации во три региони во Сирија за формирање на привремени центри за засолнување на цивилите кои се евакуираат од Алепо.
Започнаа инфраструктурните подготовки во овие региони, додека АФАД испрати контејнери со туш и тоалет, 238 шатори, генератори и инфраструктурни средства.
- Тројца од ранетите им подлегнаа на повредите -
Бројот на ранети лица кои чекаат во тампон зоната на граничниот премин Џилвеѓозу, и кои со возила на брзата помош се носат во амбулантите во Хатај достигна до 120, од кои 39 се деца.
Од ранетите тројца им подлегнаа на повредите, а деветмина по примената терапија се пуштени. Дел од повредените се лечат во Хатај, а 45 лица се пренесени во различни болници во Газиантеп, Коња, Мерсин, Адана и Османие.
- Камионите за помош преминаа во Сирија -
Во меѓувреме, во рамките на хуманитарната акција, 216 камиони на Турската полумесечина и 381 камион на Фондацијата за хуманитарна помош ИХХ преминаа во Сирија.
Околу 7.500 лица се евакуирани од Алепо, а меѓу нив има околу 4.000 ранети. Бројот на лица што чекаат да бидат евакуирани изнесува околу 70.000.