Sarp Özer
18 Декември 2016•Ажурирај: 19 Декември 2016
АНКАРА (АА) – Во рамките на операцијата „Штитот на Еуфрат“, турските вооружени сили на северот од Сирија неутрализираа 217 позиции на ДЕАШ, меѓу кои складишта за оружје и бункери, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите од турските вооружени сили, на северот на Сирија продолжува операцијата која започна на 24. август, со цел уништување на терористичката закана, првенствено од ДЕАШ и од другите терористички организации, зајакнување на безбедноста на границите и поддршка на коалициските сили.
На 117. ден од операцијата неутрализирани се 160 позиции на ДЕАШ, а турските воздухопловни сили во операција во регионите Ал Баб, Бзагах, Замар, Суфланијах и Кабр ал Мукри, уништени се дополнителни 57 позиции, меѓу кои и складишта за оружје.
Најинтензивни судири се водат во околината на Ал Баб, каде што терористите на ДЕАШ се кријат во училишта, болници, џамии и други јавни установи.
Голем број терористи се предадоа на силите на сириската опозиција, а интересно е тоа што моментите на предавањето го снимиле со поставени камери, што одоцна при давањето исказ го објасниле како еден вид заштита, веста да допре до јавноста во случај да бидат убиени.
- Се превземаат секакви мерки за заштита на цивилите -
Од друга страна пак, турските вооружени сили преземаат секакви мерки за цивилите да не бидат повредени. Авионите на воздухопловните сили фрлија многу летоци на арапски јазик, преку кои на цивилите им се даваат насоки да заминат во побезбедни подрачја, односно да заминат подалеку од припадниците на ДЕАШ.