Ekip
01 Април 2016•Ажурирај: 02 Април 2016
АНКАРА (АА) - Mихраџ Урал, еден од командантите на милитантните групи кои им служат на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад и се одговорни за експлозијата во Рејханли во јужна Турција, беше убиен во нападот на опозициските сили во Сирија, јавува Anadolu Agency (АА) .
Безбедносните извори известија дека, на 29 март дошло до напад на опозицијата сили во Латакија, кај сириско-турската граница, а меѓу загинатите во овој напад се наоѓа и Урал Mихраџ одговорен за експлозијата во Рејханли во јужна Турција.
Потврдено е дека меѓу загинатите во нападот е Mихраџ Урал, кој еден ден подоцна беше погребан во неговиот роден град Кардам, во близина на Латакија.