Aldıjana Hadzıc
01 Април 2016•Ажурирај: 03 Април 2016
МОСКВА (АА) - Метрото во Москва, главниот град на Русија е една од најголемите и најстарите подземни железници во светот, а позната е по својата раскошност, бидејќи може да застане "рамо до рамо" со богато украсените палати, јавува Anadolu Agency (AA).
Изградбата на метрото ја започнал лидерот Јосиф Сталин во 1931 година. Метро по внатрешните фрески, слики, архитектура и многу други работи, значително се разликува од другите подземни железници во светот.
Метрото во Москва го привлекува вниманието на странските и домашните патници, а возењето со метрото потсетува како патување низ дворец.
Првата линија е отворена во 1935 година, а ги поврзувала Сокољник и паркот на културата.