Oğuz Pakin
09 Август 2017•Ажурирај: 10 Август 2017
ХАТАЈ (АА) - Турската хуманитарна организација ИХХ за седум месеци оваа година испрати 2.260 камиони помош за Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Претставникот на канцеларијата на организацијата ИХХ во Хатај, Селим Тосун, порача дека на овој начин се обидуваат да бидат покрај недолжните жители на Сирија која е зафатена од војна.
Камионите со помош, кои се подготвувани во Рејханли и Килис, се снабдени воглавно со производи за покривање на основните потреби.

„Камионите со вода, хигиенски пакети, храна, ќебиња и брашно во Сирија преминуваат преку граничните премини Чилвеѓозу и Онџупинар“, изјави Тосун.
Тој потврди дека за седум месеци, на сириските семејства им се доставени 2.260 камиони со помош и оти тие активности ќе продолжат.