Satuk Buğra Kutlugün
09 Август 2017•Ажурирај: 10 Август 2017
АНКАРА (АА) - Турската полиција организира потера по двајца вооружени разбојници во главниот град на Турција, Анкара, кои побегнале со 400.000 турски лири (113.000 долари) готовина која била префрлена на банкомат рано утринава, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицијата вели дека разбојниците впериле сачмарка „пумпарица“ во главите на чуварите во индустриската област Остим, во подрачјето Јенимале. Откако ги врзале чуварите со лисици, криминалците избегале.
Полицијата е во потрага по црн автомобил и мотор, за кои постои сомнеж дека се користени од страна на лицата кои чувале стража за време на грабежот.
Детективите ги проверуваат безбедносните снимки од камерите на банкоматите.