Ekip
12 Март 2017•Ажурирај: 12 Март 2017
АНКАРА (АА) – Во знак на протест, граѓаните на Анкара се собраа пред амбасадата на Холандија, јавува Anadolu Agency (AA).
По ставот кој го зазема холандското раководство против турсктие министри, граѓаните на Анкара почнаа да се собираат пред амбасадата на Холандија во главниот град на Турција.
Со турски знамиња во рацете и испишани пароли „ДА“, граѓаните кои дојдоа пред амбасада, го искажаа својот протест против ставот кој го зазеде Холандија. Протестите сѐ уште се во тек.
Од друга страна, полициските екипи го сопреа сообраќајот во двете насоки на булеварот кој се наоѓа пред холандската амбасада.
- Протест пред конзулатот во Истанбул
Граѓаните на Истанбул кои со турски знамиња во рацете дојдоа пред конзулатот на Холандија, кој е сместен на улицата на Независност во Бејоглу, извикуваа слогани против Холандија. Насобраните граѓани го искажаа своето негодување за ставот кој Холандија го зазеде против турските министри.
Полицијата презеде големи безбедносни мерки во околината на холанската амбасада во Истанбул каде се одржува протестот.
Забранет влез и излез да холандските претставништва во Турција .
Од дипломатски извори се дознава дека од безбедносни причини, затворени се влезовите и излезите на амбасадата на Холандија во Анкара и конзулатот во Истанбул.
Истото е сторено и со куќата на вршителот на должноста во амбасадата на Холандија и домот на конзулот.
Полициските екипи поставија барикади пред конзулатот на Холандија на улицата на Независност во Бејоглу во Истанбул и од безбедносни причини го забранија влезот и излезот од конзулатот.