Alaattin Doğru
13 Јануари 2018•Ажурирај: 14 Јануари 2018
ДАКАР (АА) - Најмалку 54 африкански земји преку своите амбасадори во ОН побараа извинување од американскиот претседател Доналд Трамп, поради навредливите зборови на сметка на одредени земји од Латинска Америка и Африка, јавува Anadolu Agency (AA).
Амбасадорите на африканските земји се собраа во Њујорк по повод изјавата на Трамп, кој како јавија американските медуми, за време на состанокот во Белата куќа изјавил: „Зошти би сакале тука да доаѓаат мигранти од овие одвратни земји. Треба да земаме повеќе мигранти од Норвешка“, порача американскиот претседател Доналд Трамп.
Во заедничката изјава на амбасадорите, најостро се осудени зборовите на Трамп и окарактеризирани се како „скандалозни и расистички“. Нагласено е дека во американските институции е зголемен бројот на случаите на омаловажување на лицата од африканскиот континент поради бојата на кожата.
Амбасадорите побараа од Трамп да ги повлече овие збори и да упати извинување. Исто така, во заедничката изјави, амбасадорите им се заблагодарија на сите Американци кои негодуваа поради изјавата на Трамп.
Освен тоа, во одредени африкански земји како Сенегал и Боцвана, амбасадорите на САД се повикани на разговор во министерствата за надворешни работи.
Владата на Хаити соопшти дека изјавите на Трамп се „одвратни и лоши“.