Erdal Türkoğlu
19 Мај 2016•Ажурирај: 20 Мај 2016
ХАТАЈ (АА) - Силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад започнаа копнени напади врз бунтовничките позиции на планината Туркмен, во регионот Латакија, јавува Anadolu Agency (AA).
Неименувани локални извори за АА јавуваат дека режимските сили синоќа извршиле жестоки артилериски удари на населби кои на планината Туркмен ги контролираат силите на сириската опозиција.
Силите на опозицијата одговорија на нападите и моментално најжестоки судири се водат околу туркменските села Келез и Караман.
Експлозиите и густите облаци на чад над местото на судирите се слушаат и гледаат од турскиот пограничен град Јајладаги.