Michael Hernandez
19 Мај 2016•Ажурирај: 21 Мај 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Директорот на Human Rights Watch (HRW), Кенет Рот вели дека администрацијата на САД треба да изврши поголем притисок врз руските власти да прекинат со поддршка на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад, јавува Anadolu Agency (AA).
„Државниот секретар на САД Џон Кери не сака да ја третира Русија како соучесник во дозволата Асад да врши кривични дела. Руската поддршка го охрабрува режимот во Дамаск, а САД мора да изврши притисок врз Русија да престанат овие злосторства", рече Рот за време на обраќањето на состанокот на Атлантскиот совет.
Потенцирајќи како мировниот процес во Сирија бара итен прекин на злосторствата на режимот врз сирискиот народ, Рот рече дека најголем неуспех на официјален Вашингтон е тоа што не прави доволно за да изврши притисок врз Русија во овој контекст.