Tonguçnaz Seleme Baştürk
19 Мај 2016•Ажурирај: 19 Мај 2016
ПЕКИНГ (АА) - Повеќе од 45.200 лица беа погодени од двоен земјотреси кој уништи 38.000 куќи во покраината Јунан во југозападна Кина, јавува Anadolu Agency (AA).
Државната новинска агенција Синхуа, денес објави дека 192 куќи се срушиле откако земјотрес со јачина од 5.0 доцна синоќа го погодил подрачјето Јунлонг, пред вториот земјотрес да го погоди соседниот Ерјуан, 17 минути подоцна.
Околу 6.800 лица беа евакуирани по земјотресите кои се почувствуваа и во околните подрачја.
Локалните власти издвоија 2,5 милиони јуани (383.000 долари) за помош при катастрофите.
Според новинската агенција, густината на населението во Јунлонг е ниска, со просек од 47 жители на квадратен километар.
Во август, 2014 година, најмалку 617 лица загинаа по земјотрес со јачина од 6.5 во покраината Јунан.
Југозападната покраина, Сичуан, пак, во мај 2008 година, исто така, претрпе голем земјотрес со јачина од 8.0 степени, при што над 80.000 лица беа во категоријата загинати или исчезнати.