Dzihat Aliju
24 Јуни 2016•Ажурирај: 25 Јуни 2016
СВЕТИ НИКОЛЕ (АА) – Во централниот дел на Македонија, во селата кои се наоѓаат во околината на Свети Николе, во споредба со минатото, денеска има многу малку турско население.
Во селото Каратманово, каде според пописот од 2002 година, имало население од 520 жители, само едно пет члено семејство е од турската етничка припадност, додека останатите 515 жители се Македонци. Во Лозово, според пописот од 2002 година, живееле 896 жители, од кои 8 жители биле Турци, додека 851 биле Македонци,
26 - Власи, 8 - Турци, 5 - Срби и 6 други. Исто така и во селото Дорфулија, каде живеат околу 30 семејства, само неколку од нив се Турци. По интензивната миграција во 1950-та година кон Турција, населението кое не замина, на овие простори останаа како „сирачиња". Турските семејствата на овие простори се без верски објекти и немаат можност да се образуваат на својот мајчин јазик.
Туркан Ахмедова (60) е една од жителите на Каратманово, село со мал број на турски домаќинства. Таа живее со својот син и во разговор за АА ја раскажа својата приказна за животот во селото во кое дошла како невеста.
Ахмедова на почетокот на разговорот рече дека пред да дојде како невеста во селото, тоа било турско село, дадека денеска таа со синот се еднствено турско домаќинство.
Едниот син и ќерка на Ахмедова се женети и мажени во Турција. Другиот син со нејзиниот сопруг долго време се обидувале да мигрираат за Турција.
Дваесет години престојував во старата куќа. Една зима го пратив сопругот во Турција, додека за овците самата се грижев. Му реков, ‘Ахмет ти оди и доколку ти се допадне Турција, ќе ги земеме децата и ќе заминеме да живееме таму‘. Тој замина и се врати. Не му се допаднало, било многу гужва. Откако решивме да не одиме за Турција, ја направивме оваа куќа”, рече Ахмедова.
Ахмедова исткна дека никогаш немале проблем со околно население во селото, во кое има 150 муслимански домаќинства. Во селото има џамија, но со намалувањето на луѓето, таа била срушена.
Ахмедова истакна дека во селото се наоѓа и едно и турбе на Камбер Баба.
„Турбето го изгради Хасан од Истанбул. Клучот е кај мене и заинтересираните ги носам да го посетат. Кога дојдов во селото како невеста, тоа беше урнатина. Еден постар господин со име Хасан дојде, во сон му се видело и го изгради Камбер Баба турбето”, раскажа Ахмедова.
Состобата и во другото турско село Лозово е слична. Има две турски домаќинства во селото кои му пркосат на времето, но руинираниот изглед на џамијата во селото и нејзината сегашна состојба, кај минувачите создава глетка која ги остава без здив.
Џамијата која се наоѓа веднаш покрај железничката пруга која ги поврзува северот и југот на државата, кај минувачите ја доловува сликата за миграцијата која се случила пред многу години.
- Животот на турското семејство во Лозово
Хаџер, која е дел од семејството кое од Каратманово се пресели во Лозово, во разговор за Anadolu Agency (AA) го раскажа својот живот. Раскажувајќи, таа истакна дека живее со своите три сина и изрази жалење поради тоа што нејзините деца немаат каде да ги извршуваат верските обреди, поради што, кога е Бајрам, тие мораат да одат во Велес во џамија. Во семејството на Хаџер се зборува турски, но таа наведува дека доколку не се тв-програмите на турски јазик, кои ги следат преку сателите, децата ги го заборавиле својот мајчин јазик.
„Имам девет внуци. За бајрамската молитва одат до Велес", раскажа Хаџер, израазувајќи надеж дека во скоро време во Лозово ќе биде направена џамија каде што ќе можат да ги извршуваат верските обреди.
По големата селидба која што се случи во 1950-тите години, и намалувањето на турското население, Хаџер истакна дека се сменила структурата во селото.
„Останавме само едно-две семејства. Но тоа е Божја судбина. Но тоа не е случај само во нашето село, иста судбина делат и останатите села, во кои има по едно муслиманско домаќинство. Ако прашате зошто? Затоа што тоа е Божја судбина. Насекаде по еден клуч. Има луѓе кои доаѓаат од Турција. Доколку нас не нема, тие каде би оделе. Со кого би се разбрале. Им недостасува родниот крај. Зар е можно човек да не тагува по родниот крај”, зборуваше Хаџер.
Хаџер изјави дека не сакала да го напушти родното огниште и не заминала за Турција, но додаде дека има брат и сестри во населбата Османгази во Бурса, кои последен пат ги посетила 2006 година и додаде дека набрзо би сакала повторно да ги посети.