Aldıjana Hadzıc
12 Март 2017•Ажурирај: 13 Март 2017
САРАЕВО (AA) - Во Башчаршија и пред Амбасадата на Холандија во Сараево државјаните на Турција кои живеат во Босна и Херцеговина организираа демонстрации откако на турските министри вчера не им беше дозволено обраќање во Холандија, јавува Anadolu Agency (AA).
Турскиот амбасадор во БиХ Халдун Коч во Башчаршија рече дека се собрале за да се солидаризираат и да покажат единство на Турција.
„Нашата цел е да укажеме на демократијата. Она што го преживеавме на 15. јули покажа дека Турција е единствена и заедно го надминавме тоа. Она што вчера се случи во Холандија е нешто што не може да се прифати", изјави Коч.
Додаде дека Турците со народот на Холандија секогаш живееле во мир и тоа така и ќе продолжи.
„Турските и холандските народи секогаш живееле во пријателство и мир. Така ќе биде и во иднина, но одлуките кои холандските власти ги донеле вчера се во спротивност на меѓународното право, демократијата, човечките вредности", изјави Коч.
Амбасадорот на Турција додаде дека се собрале за да изразат и така со која синоќа ги гледале вестите за случувањата во Холандија.
„Сигурен сум дека овие случувања се неприфатливи и за народот на таа земја. И дека ги критикуваат овие случувања. Се надевам дека нешто вакво нема да се повтори", изјави Коч.
Протестите ги поддржаа и десетици студенти од Турција кои се собраа на Башчаршија во центарот на Сараево и пред Амбасадата на Холандија, во сараевската населба Грбавица. Тие извикуваа слогани „фашистичка Холандија", „ Холандија, не го тестирај нашето трпение" ...
На собирот присуствуваш и Адел Шабановиќ, кој го преживеал геноцидот во Сребеница 1995. година. Тој ги поддржа демонстрантите и рече дека бил потресен кога ги видел фотографиите на турските граѓани на кои беа пуштени полициски кучиња.
Според неговите зборови, Холандија е последната земја која може да зборува за човечност, права и демократија.
Холандските власти вчера го спречија министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу и министерката за семејство и социјална политика Каја, да ги посетат своите дипломатски претставништва на таа земја и можноста да се сретнат со турската заедница во Холандија. Со полициска придружба, министерката Каја беше вратена во Германија, од каде што утрово пристигна во Турција.
Турското Министерство за надворешни работи го осуди актот на спречување на посетата и од амбасадорот на Холандија во таа земја, кој моментално е на одмор, побара извесен период да не се враќа на својата должност во Анкара. Забранет е влез и излез од амбасадата во Анкара и конзулатот во Истанбул поради безбедносни причини.
Холандската полиција во меѓувреме со употреба на сила ги растера собраните граѓани кои протестираа против задржување на возилото на министерката Каја, но протестите на улиците на Ротердам беа продолжени. Голем број на граѓани се собраа пред дипломатските претставништва на Холандија во Анкара и во Истанбул протестирајќи поради спречување на посетата на турските функционери во таа земја.