Dzihat Aliju
31 Јануари 2018•Ажурирај: 31 Јануари 2018
СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Сојузот на турските невладини организации во Македонија (МАТУСИТЕБ), Хусрев Емин изјави дека даваат безусловна поддршка на операцијата „Маслинова гранка", која се спорведува во сирискиот Африн, од страна на Турските вооружени сили (ТСК), јавува Anadolu Agency (AA).
На денешната прес конференција на МАТУСИТЕБ, Емин потсети дека тие како организација покажале став за поддршка на Турција во сите прашања, пред се настаните на 17 и 25 декември во 2013 година и крвавиот обид за државен удар на 15 јули во 2016 година во Турција извршени од страна на терористичката организација ФЕТО.
Според Емин, тие даваат духовна поддршка за Турција и за операцијата „Маслинова гранка" која се спроведува во Африн од страна на ТСК.
„Сакаме да истакнаме дека оваа операција за која станува збор е легитимно право на Турција за заштита на територијалниот интегритет, отстранување на заканата од тероризам на границите, како и отстранување на секаков вид на нелегитимна структура чија цел е уништување на човештвото“, истакна Емин.
Тој рече дека Турција секогаш ги поддржува оние на кои тоа им е потребно, и рече дека даваат бескрајна поддршка за оваа операција која има за цел неутрлизирање на терористите на терористичките организации ПКК/КЏК/ПЈД-ЈПГ и ДЕАШ.
„Нашите молитви се со врховниот командант, претеседателот Реџеп Таип Ердоган и со војниците на ТСК. Ние сме секогаш со нив“, рече Емин.
Исто така, претседателот на Сојузот на турските невладини организации во Македонија рече дека тие имаат потполна увереност дека во рамките на операцијата Маслинова гранка во најскоро време ќе бидат отстранети елементите кои претставуваат закана за јужната граница на Турција.
Потсетуваме, операцијата во Африн започна на 20 јануари во согласност со правото на Турција засновано на меѓународното право и на резолуциите на Обединетите нации (ОН), особено на оние што се однесуваат на борбата против тероризмот 1624 (2005), 2170 (2014) т.е 2178 (2014).
Турција се повикува и на член 51 од Договорот на Обединетите нации, односно на Правото за самоодбрана. Операцијата се спроведува со почитување на територијалниот интегритет на Сирија.