Yasemin Kalyoncuoğlu
17 Ноември 2017•Ажурирај: 17 Ноември 2017
ХАКЌАРИ (АА) - Премиерoт на Република Турција, Бинали Јилдирим, денес во Хакќари порача дека Турците и Курдите се едно, дека се браќа и заедно се Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Јилдирим денес престојува во посета на југоисточниот турски град Хакќари, а во таа пригода се обрати пред насобраните граѓани.
„Турците и Курдите се едно, браќа, заедно се Турција. Оној што се занимава со расизам, не ни припаѓа нам. Тоа е она што нѐ упатува, и нашата вера. Нема расизам, нема етнички национализам, нема верски национализам, нема регионални поделби. Заедно со Хакќари, Киркларели, Синоп, Хатај, со 780 илјади квадратни километри територија од нашата татковина, сите сме едно, сите сме заедно, сите сме браќа и сите сме Турција“, порача турскиот премиер Бинали Јилдирим.