Barış Gündoğan
17 Ноември 2017•Ажурирај: 18 Ноември 2017
АНКАРА (АА) - Заменик-премиерот на Република Турција, Бекир Боздаг, денеска изјави дека припадниците на терористичката организација ПКК срушиле 27 џамии во подрачјето на Ширнак, во југоисточна Турција, а на 70 џамии е предизвикана материјална штета, јавува Anadolu Agency (AA).
Тој истакна дека оние што го направиле тоа не го признаваат Господ и неговите наредби.
„Со она што тие го прават, може да биде задоволен само ѓаволот, никој друг”, порача Боздаг, додавајќи дека е долг и обврска да се штити светото од оние што сакаат да му наштетат.