Mehmet Tosun
12 Март 2018•Ажурирај: 13 Март 2018
АНКАРА (AA) – Турските вооружени сили од почетокот на операцијата „Маслинова гранка" во сирискиот пограничен регион Африн неутрализираа 3 347 терористи, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Генералштабот на турската војска е соопштено дека продолжува операцијата против терористичките организации ПКК/КЏК/ПЈД-ЈПГ и ДЕАШ.
„До денеска во операцијата Маслинова гранка се неутрализирани вкупно 3 347 терористи", се наведува во соопштението.
Операцијата во Африн започна на 20 јануари во согласност со турското право, засновано на меѓународното право и на резолуциите на Обединетите нации (ОН), особено на оние што се однесуваат на борбата против тероризмот: 1624 (2005), 2170 (2014) и 2178 (2014).
Турција се повикува и на членот 51 од Договорот на ОН, односно на правото за самоодбрана. Операцијата се спроведува со целосно почитување на територијалниот интегритет на Сирија.
Силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, во јули 2012 година, без борба, на терористите од ПЈД/ПКК им ја препуштија контролата врз Африн, по што овој град стана еден од главните центри на терористичката организација.
ПЈД/ПКК е сириски огранок на терористичката организација ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, САД и во Европската Унија (ЕУ). ПКК, уште од средината на 1980-тите години, води терористичка кампања против Турција.