?????
02 Февруари 2016•Ажурирај: 03 Февруари 2016
ПАРИЗ (АА) - Француски официјален претставник изјави дека се уапсени пет лица во близина на Лион, кои планирале да извршат напади врз ноќни клубови, а потоа да избегаат во Сирија, јавува Anadolu Agency (АА).
Официјален претставник, кој сакаше да остане анонимен поради тековната истрага, рече дека денес, рано наутро, уапсени се четворица мажи и една жена. Според него, групата веќе имала купено билети за да може преку Бугарија и Турција да ѝ се приклучат на ДАЕШ во Сирија. Тие се обиделе да дојдат до оружје за изведување напади врз ноќни клубови во Франција.
Некои од петмината осомничени од претходно биле на „радарот” на француската известувачка служба поради своите екстремни ставови, кажа неименуваниот претставник.
ДАЕШ на 13-ти ноември минатата година, изврши серија терористички напади во Париз, во кои загинаа 130 лица.