Mahmoud Barakat
11 Март 2018•Ажурирај: 12 Март 2018
РАМАЛА (АА) - Најмалку 340 палестински студенти се наоѓаат во израелските притвори, изјави денес во Рамала, палестинскиот министер за образование Сабри Саидам, пренесува Anadolu Agency (AA).
Како што изјави министерот Саидам, израелските безбедносни сили минатата недела го привеле Омар ал Кесвани, претседателот на студентскиот совет на Универзитетот во Бирзеит, на окупираниот Западен брег.
„Замалку дојде до масакр во кампусот кога израелските безбедносни сили отворија оган за време на рација“, изјави Саидам.
Израелската рација ја опиша како 'организиран државен тероризам и аргонција без преседан', и ги повика Меѓународната асоцијација на унверзитетот и УНЕСКО да преземат одговорност за спречување на израелското кршење на човекови права.
„Израелската окупација го има за цел палестинскиот образовен систем“, изјави палестинскиот министер.
Саидам изјави дека израелските сили минатата година усмртиле девет ученици, а 603 биле ранети. Тој додаде и дека околу 95 палестински училишта биле мета на израелските упади.