Ayşe Aktaş
15 Септември 2017•Ажурирај: 15 Септември 2017
АНКАРА (АА) - Од Северна Кореја е лансиран нов балистички проектил, кој во 6.57 часот по локално севернокорејско време, полета од локација близу Пјонгјанг. Проектилот прелета над територијата на Јапонија и падна во Тихиот Океан, соопшти Генералштабот на Јужна Кореја, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на армијата на Јужна Кореја, проектилот достигна висина од 770 километри и пoмина растојание од 3.700 километри.
Јужнокорејската војска одговори со лансирање проектил кој падна во јужнокорејските територијални води.
Јапонските медиуми објавија дека постои можност ракетата лансирана од Северна Кореја да била насочена кон северозападна Јапонија.
По новото ракетно тестирање на Северна Кореја, закажана е итна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН).
Северна Кореја изведе тестирање на балистички ракети на 29. август, а ракетатата од типот на Хвасонг-12 прелета над територијата на Јапонија и заврши во океанот.
Пјонгјанг на 3. септември го направи најсилното нуклеарно тестирање од 2006 година. Тоа беше шесто тестирање на нуклеарна бомба на Северна Кореја во последните 11 години.
По тој настан, Советот за безбедност на ОН наметна нови економски и политички санкции за Пјонгјанг.