Şerife Çetin
15 Септември 2017•Ажурирај: 15 Септември 2017
ЛОНДОН (АА) - Се случи експлозија во метрото во Лондон, главен град на Велика Британија, јавува Anadolu Agency (AA.
Британските медиуми соопштија дека се случи експлозија во метро станицата „Парсонс грин“, во западниот дел на градот, а по експлозијата избувнал пожар.
Според информациите што очевидци ги објавиле на социјалните мрежи, во задниот дел на возот експлодирала бела корпа, а лицата кои биле во тој дел од возот имале повреди во пределот на главата.
Метро станицата е евакуирана и одложени се патувањата на оваа линија.
Дневно, околу пет милиони лица го користат метрото во Лондон.