Atila Altuntaş
15 Септември 2017•Ажурирај: 16 Септември 2017
СТОКХОЛМ (AA) - Во округот Сконе, јужна Шведска, при сообраќајна контрола е запленет автомобил на кој е монтиран експлозивна направа, јавува Anadolu Agency (AA).
Официјални лица од полицијата потврдија дека автомобилот е запленет во областа помеѓу Малме и Лунд.
Катарина Волфрам, портпаролка на Шведскoто биро за транспорт, рече дека автопатот Е6 е затворен за сообраќај, а деминерите се излезени на терен.
Таа додаде дека сопственикот на автомобилот е уапсен.