Emre Gürkan Abay
14 Март 2019•Ажурирај: 16 Март 2019
МОСКВА (АА) - Властите на Руската Федерација го затворија националниот воздушен простор за летови на патничките авиони „Boeing 737 Max“, јавува Anadolu Agency (AA).
Челникот на Руското федерално биро за воздухопловство („Rosaviatsiya“), Александар Нерадко, соопшти дека рускиот воздушен простор, поради безбедноста на патниците е затворен за комерцијалните летови на авионите од типот „Boeng 737 Mac 8“ и „Boeing 737 Max 9“.
Станува збор за модел на авион кој во неделата се сруши кај Адис Абеба, главниот град на Етиопија. Загинаа сите 157 патници и членови на посадата.
По авионската несреќа во Етиопија, Турција, Сингапур, Кина, Етиопија, Индонезија, Австралија, Малезија, Оман, Велика Британија, Германија, Франција, Холандија, Австрија, Казахстан, Обединетите Арапски Емирати, Нов Зеланд, Индија, Бахреин, како и Северна Македонија и неколку други земји ги затворија своите воздушни простори, односно повремено ги запреа летовите на кои се користат авионите „Boeing 737 Max“.