Hüseyin Erdoğan
14 Декември 2016•Ажурирај: 15 Декември 2016
АНКАРА (АА) - Фирмата АЛПЕТ, која работи со течни горива, а е дел од холдинг-компанијата „Алтинбаш“ врши истражувања во Македонија и во Косово за инвестиции на полето на течни горива, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на управниот одбор на холдинг-компанијата „Алтинбаш“, Мустафа Ерги изјави дека компанијата во странство има инвестиции што надминуваат 100 милиони долари и веќе 20 години учествува на пазарите во Турција, Турската Република Северен Кипар (ТРСК) и во Албанија.
Тој истакна дека на полето на енергетиката се присутни во повеќе балкански земји. „Со нашите минерални масла, застапени сме во повеќе балкански земји. Вршиме истражувања во Македонија и во Косово за основање фирми за дистрибуција и соработка со постоечките компании во нив“, изјави претседателот на управиот одбор на холдинг-компанијата „Алтинбаш“.
- Извоз на минерални масла во 33 земји -
Претседателот на управниот одбор на „Алтинбаш“, Ерги, рече дека компанијата на полето на дитрибуција на течни горива во ТРСК учествува со 50 отсто, додека на полето на горивата во авиосекторот учествува со 85 отсто.
„На полето на минералните масла, фокусирани сме на истражување и развој на производството на различни минерални масла според националните и меѓународните стандарди за квалитет. Заедно со продажната мрежа, која има капацитет за испорака до секое место во Турција, од 2016 година, благодарение на нашите дистрибутери во странство, вршиме извоз во 33 земји. Како фирма извезуваме во голем број земји, како што се Македонија, БиХ, Албанија, Косово, потоа на Средниот Исток, Средна Азија и во Африка. Од оваа година формиравме преставништва во Пакистан и во Либија“.