Furkan Naci Top
14 Декември 2016•Ажурирај: 14 Декември 2016
АТИНА (АА) - Здраствените работници што протестираат поради намалувањето на платите како дел од мерките за штедење и поради несoодветните работни услови, своето незадоволство го искажаа на интересен начин, јавува Anadolu Agency (AA).
По повикот на Федерацијата на вработените во јавните болници, здраствените работници пред влезот на Министерството за здравство во Атина изградија ѕид. Потоа групата од околу 500 лица маршираше кон резиденцијата на премиерот.
Здраствените работници ги искажаа своите барањата за подобрување на работните услови со транспарентите: „Рестрикциите се штетни за здравјето“. Демонстрациите поминаa без инциденти.
Во земјата во којашто веќе 7 години владее финансиска криза, во многу јавни болници има недостаток во услугите поради јавните штедења и отпуштањето од работа.