Tuba Şahin
16 Декември 2016•Ажурирај: 17 Декември 2016
АНКАРА (АА) - Во денешниот извештај на Турската унија на комори и стокови берзи се вели дека во Турција, во ноември се основани околу 5.526 нови компании, јавува Anadolu Agency (AA).
Бројот на новоформирани компании минатиот месец е зголемен за 1,28 отсто во споредба со истиот месец минатата година.
Од Унијата исто така се соопштува дека 1.073 компании прекинале со работа месецов, што претставува пораст од 47,8 отсто во споредба со истиот месец во 2015 година.
Извештајот на комората покажува дека се формирани 421 нови компании со странски партнери или компании финансирани од странство.
Околу 148, или над 35 отсто од компаниите со странски партнери биле основани директно од Сиријците или во парнерство со нив.
Од вкупниот број компании финансирани од странство во ноември, 30 биле финансирани од Иран, проследени од страна на компаниите на Иран и Саудиска Арабија.