Ali Atar
12 Март 2017•Ажурирај: 13 Март 2017
ИСТАНБУЛ (АА) – Во февруари за 15 отсто е зголемено производството на возила во Турција, споредено со истиот период минатата година. Вкупното производство на возила во февруари изнесува 138.000 возила. За истиот период, производството на автомобили е зголемено за 34 отсто, а брoјот на произведени автомобили изнесува 97.000, јавува Anadolu Agency (AA).
Здружението на индустријата за возила (ОСД) го објави извештајот за прозиводството, извозот и на продажбата за месец февруари.
Според овој извештај, за 15 отсто е зголемено вкупното производтсво на возила во однос на истиот месец 2016 година, додека 34 отсто е зголемено производството на автомобили. Во текот на овој период вкупно се произведени 138.000 возила, додека бројот на вкупно прозведени автомобили изнесува 97.000.
Вкупниот пазар за продажба во месец февруари се намали за 11 отсто, и бројот на продадени возила изнесува 48.000. Во овој период, пазарот за продажба на автомобили се намали за 15 отсто, и бројот на продадени автомобили изнесува 34.000.
Во групата на комерцијални возила, во периодот јануари-февруари за 13 отсто се намали вкупното прозводство. Производството на лесните комерцијални возила се намали за 16 отсто, додека на тешките комерцијални возила се зголеми за 49 отсто. Бројот на прозведени тешки комерцијални возила е намалено за 40 отсто во однос на истиот период 2015 година. Постои паралелен сооднос на пазарот на комерцијални возила за овој период, спореден со истиот период минатата година. Пазарот за продажба на лесните комерцијални возила е зголемен за 2 отсто, додека пазарот за тешките комерцијални возила се намали за 17 отсто.
Вкупниот извоз на возила за периодот јануари-февруари е зголемен за 31 отсто во однос на истиот период лани, додека извозот на автомобили е зголемен за 60 отсто. Во овој период извезени се вкупно 219.000 возила, од кои 158.000 се автомобили.
Во овој период вкупниот извоз врз база на доларот е зголемен за 21 отсто, додека извозот базиран врз еврото е зголемен за 25 отсто. Вкупниот извоз на возила во овој период изнесува 4,33 милијарди долари, а забележан е пораст на извозот на автомобили за 92 отсто, и изнесува 1,84 милиони долари. Вкупниот извоз на возила врз база на еврото е зголемен за 99 отсто и изнесува 1,73 милијарди евра.