Dilara Zengin,Nuran Erkul
21 Декември 2016•Ажурирај: 21 Декември 2016
АНКАРА (АА) - Одборот на директори на Светската банка одобри кредит од 400 милиони долари за Турција и Азербејџан, односно вкупно 800 милиони долари за проетктот за изградба на гасоводот ТАНАП, јавува Anadolu Agency (AA).
Кредитот ќе биде реализиран со посредство на Меѓународната банка за обнова и развој (IBRD).
Владите на Турција и Азербејџан дадоа гаранции за кредитите кои ИБРД ќе ги уплати на турската компанија БОТАШ на период од 24 години.
Предвидени се околу 4 милијарди долари за надворешно финансирање на проектот од 8.5 милијарди долари, изјави претседателот на СОКАР, Ровнак Абдулајев, во интервју за АА.
Покрај Светската банка, меѓу предложените поддржувачи на проектот се наоѓаат и Агенцијата за мултилатерални инвестициски гаранции, Азиската банка за инфраструктура и инвестиции, Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој.
„Падот на светските цени на нафтата и ниските цени на производите, исто така му даваат можност на проектот ТАНАП да го намали својот буџет и да заштеди до 3,2 милијарди долари. Првично, инвестицискиот буџет за ТАНАП беше проценет на 11,7 милијарди долари, но со помош на ниските цени на нафтата, ние го намаливме нашиот буџет на 8,5 милијарди долари”, изјави генералниот директор на ТАНАП, Салтук Дузјол, во интервју минатата недела.
Проектот на ТАНАП се очекува да стапи во функција во 2018 година со капацитет да пренесува 16 милијарди кубни метри азербејџански гас преку Грузија во Турција. Додека 6 милијарди кубни метри се за домашна потрошувачка на гас во Турција, остатокот се наменети за пренос во Грција, Албанија и Италија, а понатаму и во Европа.
Азербејџанскиот енергетски гигант државната нафтена компанија на Азербејџан (СОКАР) има 58 отсто удел во ТАНАП, турскиот БОТАШ има 30 отсто удел, додека компанијата БП 12 отсто.