Sarp Özer
26 Август 2021•Ажурирај: 27 Август 2021
МУШ (АА) - Министерот за национална одбрана на Турција, Хулуси Акар, исткана дека започнал процесот на евакуација на турските сили од Авганистан и дека целта е таа да се заврши во најкраток рок, јавува Агенција Анадолија (АА).
Акар во разговорот за АА зборуваше за евакуацијата од Авганистан, напоменувајќи дека турската војска со гордост ја извршила задачата во таа земја.
„И покрај метежот и условите на аеродромот, персоналот на Вооружените сили на Турција ги вложува сите напори евакуацијата да се реализира според утврдениот план“, порача Акар, и додаде: „Целта е да се завршат активностите на евакуацијата што е можно поскоро.“
Тој се заблагодари на сојузниците на Пакистан и Таџикистан за сета поддршка која ја пружија на Турција во овој процес.
„Во координацијата со Министерството за надворешни работи и надлежните институции, активностите продолжуваат според утврдените планови“, нагласи Акар.