Zafer Fatih Beyaz
23 Август 2021•Ажурирај: 24 Август 2021
АНКАРА
Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, соопшти дека водат интензивна меѓународна дипломатија во врска со случувањата во Авганистан и нерегуларните миграции, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган на социјалната мрежа Твитер зборуваше за случувањата во Авганистан и чекорите во тој поглед.
Споделена е и инфографиката со пораки за време на разговорот со премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис, претседателот на Русија, Владимир Путин, германската канцеларка, Ангела Меркел, премиерот на Ирак, Мустафа ал Кадими, премиерот на Обединетото Кралство, Борис Џонсон, и претседателот на Европскиот совет, Шарлс Мишел.
„Водиме интензивна меѓународна дипломатија во врска со неправилните миграции и случувањата во Авганистан“, напиша Ердоган.
Тој додаде дека ќе продолжи да ги презема сите чекори потребни за воспоставување стабилност во регионот, заштита на неговата земја пред притисокот на миграциите и пружање мир на турскиот народ.