Ekip
21 Април 2017•Ажурирај: 22 Април 2017
КАРАКАС (АА) - Висенте Паез, член на Градскиот совет на Каракас, рече дека овој млад човек кој беше застрелан на вчерашните улични протести, стана деветтата жртва на демонстрациите во Венецуела, јавува Anadolu Agency (AA).
Паез денес изјави дека момчето Мелвин Гуитан беше рането во општина Петаре, источно од Каракас, односно погоден од куршум за време на вчерашните протести коишто беа разбиени од Националната гарда со употреба на солзавец. Гуитан беше префрлен во болница, каде што почина вчеравечер.
Десетици илјади луѓе кои се против венецуелската социјалистичка влада излегоа на улиците на Каракас, барајќи избори и осудувајќи ја авторитарната власт.
Тие беа пречекани со солзавец и со гумени куршуми кога се обидоа да маршираат кон центарот на главниот град на Венецуела.