АНКАРА (АА) - ТУГРУЛ ЧАМ -
Се зголемија тензиите во Венецуела откако претседателот на Националното собрание на Венецуела, Хуан Гуаидо, се прогласи за привремен претседател на државата, додека претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, истакна дека е изложен на обид за државен удар поддржан од САД, поради што ги укина односите со САД, и побара американските дипломати да ја напуштат земјата во рок од 72 часа, пишува Anadolu Agency (AA).
Јужноамериканската земја Венецуела, со население од 32 милиони жители, во последните години беше актуализирана со протести и со економски проблеми. Односите на оваа земја со САД, за време на периодот на Хуго Чавез и на Николас Мадуро, беа тензични.
Опозицијата во земјата која поседува богати нафтени резерви, не ги прифаќа како валидни изборите на кои победи Мадуро, и сака да се повторат. Исто така, администрацијата на САД ја поддржува опозицијата.
Состојбата во Венецуела можеме да ја резимираме со следните 10 прашања и одговори:
- Која е историската заднина на тензијата меѓу Венецуела и САД?
Односите на либералните администрации во Венецуела во периодот на Студената војна и во 1990-тите години со САД беа добри.
Односите на САД и Венецуела почнаа да се влошуваат откако Чавез, кој има популистички и социјалистички политики, победи на изборите и стана претседател на државата во 1999 година.

Чавез, со приходите на национализираната нафтена компанија во Венецуела која е еден од најзначајните произведувачи на нафта во светот, им даваше приоритет на социјалните политики.
Чавез го привлече вниманието на администрацијата на САД со своите политики како продавање нафта на Куба, воспоставување добри односи со Иран, купување оружје од Русија и национализација на енергетските и телекомуникациските компании. Тој пред својата смрт во 2013 година за наследник на неговото место го посочи неговиот помошник Николас Мадуро.
Мадуро победи на изборите и дојде на местото на Чавез, додека во неговиот период односите меѓу Венецуела и САД беа тензични. Администрациите на Барак Обама и на Доналд Трамп спроведоа санкции против Мадуро и против бројни функционери на Венецуела.
- Како Мадуро дојде на власт?
Здравјето на Хуго Чавез се влоши откако во 2011 година се разболе од рак.
Чавез како наследник на неговото место го посочи Николас Мадуро кој претходно ги вршеше функциите лидер на синдикат, а потоа министер за надворешни работи и заменик-претседател на државата, и дел од своите овластувања му ги делегираше на Мадуро.
Во изборите кои се одржаа во април 2013 година, по смртта на Чавез во истата година, Мадуро вети дека ќе ја продолжи карактеристичната социјалистичка револуција на поранешниот лидер, и стана претседател на државата, добивајќи 50,8 отсто од гласовите на изборите.
Мадуро, исто така победи и на претседателските избори кои се одржаа во мај 2018 година, добивајќи 68 отсто од гласовите.
- Како започнаа случувањата/настаните во периодот на Мадуро?
Откако Николас Мадуро дојде на претседателската позиција, во 2014 година, поради безбедносни проблеми започнаа протести во сојузните држави на Венецуела, Тачира и Мерида, кои се наоѓаат во западниот дел на земјата. Овие протести за кратко време преминаа во главниот град на земјата, Каракас.
Со поддршка на опозицијата, овие протести се претворија во антивладини демонстрации.
Владините сили кои ја обвинија опозицијата за вршење обид за државен удар, интервенираа врз демонстрантите, при што животот го загубија 28 лица.
Опозицијата во септември 2016 година одржа демонстрации поради економската состојба во земјата. Демонстрантите го обвинуваа Мадуро за економската криза и побараа да се отстрани од претседателската функција.
Исто така, демонстрации се одржаа и во април и јуни 2017 година, при што меѓу демонстрантите кои бараа предвремени избори и безбедносните сили настанаа судири во кои загинаа голем број лица.
- Како се случи тоа да започне економската криза и да се претвори во политичка криза во периодот на Мадуро?
Економијата на Венецуела доживеа проблеми, особено откако почнувајќи од 2014 година, се намали цената на нафтата.
Од приходите од извозот на Венецуела, 95 отсто се реализираа од продажбата на нафтата. Оваа земја доживеа проблеми и во увозот, откако се намалија приходите од нафта. Во земјата се зголемија цените поради недостиг од стоки, и со високата инфлација, паричната единица на Венецуела, боливарот, доживеа висока загуба во вредноста.
Овие случувања во економијата беа главно образложение за опозицијата во демонстрациите.
- Дали политиката кон Венецуела за време на Трамп стана поригорозна?
Администрациите на САД, од времето на Обама, венецуелскиот претседател го сметаат за диктатор и воведуваат санкции против Венецуала.
Цел на овие санкции се Мадуро и бројни функционери на Венецуела. Во септември 2018 санкции се воведени и за сопругата на Мадуро, Сесилија Флорес.
Откриено е дека функционерите на администрацијата на Трамп од есента 2017 година многупати тајно се состанале со опозицијата на Венецуела, а со поранешните команданти на Армијата разговарале за државен удар.
Се истакнува дека администрацијата на САД, која има досие за државни удари во многу земји во Латинска Америка, овој пат „се откажала“ да помогне во државниот удар, поради обемното досие околу тоа.
Како образложение за „одбивањето“ е укажано на можноста дека државниот удар со поддршка на САД би привлекол реакции во регионот, и покрај тоа што многу земји од Латинска Америка не го поддржуваат Мадуро.
- Кои се барањата на опозицијата во земјата?
Опозицијата на Венецуела сака Мадуро да ја напушти функцијата, тврдејќи дека нема легитимитет.
Опозицијата која тврди дека на минатите избори имало измами, бара одржување на предвремени претседателски избори.
Хуан Гуаидо, претседателот на Националното собрание на Венецуела, кое е под контрола на опозицијата, сака да дојде на местото на Мадуро и да владее со земјата додека да се одржат нови избори.
- Каков е пристапот на Мадуро во однос на барањата?
Мадуро нагласува дека демонстрациите на опозицијата против Владата се обид за државен удар со поддршка од САД.
Истакнатите функционери на Владата на Венецуела, изразувајќи ја својата поддршка за Мадуро, кој ги укина односите со САД, велат дека се против државниот удар поддржан од САД и дека народот треба да се спротивстави на надворешни интервенции.
„Не им верувајте на САД. Тие немаат пријатели, имаат интереси. Ја сакаат нафтата и богатството на Венецула“, истакнаа поддржувачите на Мадуро, обракајќи се на опозицијата, и упатија апел за одржување на контрадемонстрации.
Венецуелскиот министер за национална безбедност, Владимир Падрино, изјави дека вооружените сили нема да го поддржат опозиционерот Гуаидо.
- Каков е ставот на земјите од Латинска Америка?
Земјите од американскиот континент како САД, Канада, Колумбија, Перу, Еквадор, Парагвај, Бразил, Чиле, Панама, Аргентина, Костарика и Гватемала отворено го поддржаа привременото претседателство на Гуаидо.
Од друга страна, Боливија и Мексико ја поддржуваат Владата на Мадуро.
- Каква е реакцијата на земјите во светот?
Од европските земји имаше повик за политичка транзиција и повторно одржување избори во Венеуела.
Досега Британија, Франција, Германија, Данска, Косово и Албанија ја изразија својата поддршка за Гуаидо.
Кина, Русија и Турција, пак, рекоа дека ја поддржуваат Владата на Мадуро.
- Каков е пристапот на меѓународните медиуми кон случувањата?
Меѓународните медиуми, во последниве години посветија широк простор за антивладините протести во Венецуела. Фокусирајќи се на економските проблеми во земјата, медиумите често известуваа за празните пазарни полици и долгите редици за храна.
Медиумите, исто така посветија простор и за обидите за државен удар против Мадуро. Самопрогласувањето на Гуаидо за претседател на Венецуела, исто така беше пренесено како важна вест.
Медимуите, известувајќи дека за време на периодот на Мадуро, граѓаните на Венецуела имале економски проблеми, не дадоа информации за демонстрациите за поддршка на избраниот претседател Мадуро, реализирани во различни делови на земјата.