култура и уметност

Венецуелците со звукот на традиционалните инструменти го одбележаа фестивалот Паранда де Сан Педро

Паранда де Сан Педро, признаен од УНЕСКО како нематеријално културно наследство, собра на едно место илјадници луѓе со цел почитување на ветувањата, танцување „Себукан“ и пеење песни за верата и традицијата

Elena Trenchevska Chekovic  | 30.06.2025 - Обновена : 30.06.2025
Венецуелците со звукот на традиционалните инструменти го одбележаа фестивалот Паранда де Сан Педро Фото: Ivan McGregor/АА

СКОПЈЕ (АА) - И оваа година, во малите градови Гуаренас и Гуатире, како и во Сарија, округ во главниот град Каракас, се одбележа Фестивалот „Паранда де Сан Педро“, јавува Анадолу.

Паранда де Сан Педро, признаен од УНЕСКО како нематеријално културно наследство, собра на едно место илјадници луѓе со цел почитување на ветувањата, танцување „Себукан“ и пеење песни за верата и традицијата.

Имено, Фестивалот се одржува во чест на апостолот Свети Петар (Сан Педро), со низа популарни свечености и ритуали. Според традицијата, на полноќ, се одржува миса, по која луѓето излегуваат и парадираат низ улиците.

Централно место во одбележувањето има реконструкцијата на приказната за робинката Марија Игнасија, чија ќерка била излекувана од апостолот.

Учесниците носат темни наметки, капи со ленти „пумпа“, имаат цно обоени лица, а жените се облечени во разнобојна облека, што го одразува наследството и афроамериканското потекло.

Фестивалот е длабоко вкоренет во заедницата и ја прикажува борбата против неправдата и нееднаквоста, и се одржува секоја година на 29 јуни.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.