Kristina Maslareviç
09 Февруари 2016•Ажурирај: 10 Февруари 2016
БЕЛГРАД (AA) – Австирскиот министер за надворешни работи Себастијан Курц, при неговата работна посета во Србија изјави дека Австирја е спремна да ја поддржи Македонија и другите земји во регионот во намалување на приемот на бегалците и истакна дека "тоа мора да биде наша заедничка цел и многу се радуваме доколку со Македонија, Србија, Словенија и Хрватска можеме да оствариме соработка и заедно да го намалиме приливот на бегалците" , јавува Anadolu Agency.
Запрашан за тоа кога Австрија ќе прати своја полиција на грчко-македонската граница, Курц наведе дека имаат добри контакти со Македонија и дека Австрија е спремна кадровски да помогне, додека српскиот премиер Вучиќ истакна дека Србија на оваа граница има веќе 20 полицајци и дека, доколку македонската влада тоа го побара, ќе помогнат уште повеќе.
"Минатата година примивме 90 илади луѓе, а во 2016 година нема да бидеме во можност да примиме толкав број. Тоа е причината што нашата влада мораше да постави јасна граница од 37.500 луѓе кои можеме да ги примиме, но не и повеќе од тоа. Тоа е одлуката која моравме да ја донесеме и свесни сме дека таа ќе има и последици за земјите од западнобалканската рута" , изјави Курц.
- Вучиќ-Курц: Договорен акционен план на Србија и Австрија за 2016 година: Од регионална соработка до борба против тероризмот
По состанокот со министерот за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц, премиерот на Србија, Александар Вучиќ му се заблагодари на посебното внимание кое му го посветува на целиот регион како и поддршката на европскиот пат на Србија и рече дека на денешниот состанок договориле акционен план на Австрија и Србија за 2016 година кој е поделен во пет делови.
Во рамките на првиот дел, како наведе Вучиќ, ќе се работи "на понатамошни политички услови во борбата против тероризмот и ризиците кои ја загрозуваат современата денешница, на дијалогот помеѓу Белград и Приштина, понатамошното зачувување на регионалната стабилност, но и развивање на подобри односи помеѓу регионалните партнери на Западен Балкан“.
Втората точка се однесува на развојот на економијата, а како што рече Вучиќ, моментално, во Србија работат 500 австриски компании и целта е трговската размена да се зголеми на милијарда евра, додека третата точка се однесува на образованието.
Австрија за само година дена прими 90 илјади бегалци, кои се на нејзина територија, таа не е само транзитна територија, а нивниот план е оваа година да примат нешто помалку од 40 илјади бегалци, што може, како што рече Вучиќ. да значи дека во некој момент Словенија и Хрватска на различни начини да ги затворат своите граници и тогаш останува да се види каква ќе биде реакцијата.
"Што се однесува до нашата граница со Македонија, доколку има потреба и доколку бидеме приморани на тоа, ние ќе знаеме да ја заштитиме. Sидови и огради нема да подигаме, но ќе знаеме да ја заштитиме границата", рече Вучиќ и додаде дека на Австрија за 90 илади бегалци беше потребно две милијарди евра, што Србија не е во состојба да овозможи.
Австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц се заблагодари на можноста денес да биде во Србија, во земјата која според неговите зборови е суштински партнер за Австрија и земја која во реигонот е најважна.
Тој додаде дека Западниот Балкан беше регион каде не беше лесно секогаш да се верува дека луѓето на Балканот највеќе ја ценат стабилноста и наведе дека бегалската криза е заедичка актуелна тема која е многу важна за Австрија бидејќи таа не е само транзитна земја, туку и крајна дестинација.