Besar Ademi
12 Февруари 2016•Ажурирај: 13 Февруари 2016
СКОПЈЕ (AA) – Министерот за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц, по средбата со неговиот македонски колега Никола Попоски, изјави дека Владата на Австрија е подтготвена во иднина да преземе одредени чекори за да се соочи со бегалската криза, вклучувајќи и ограничување на бројот на бегалците кои ќе ги прифати, а доколку предвидената бројка биде надмината, Австрија ќе ги затвори границите за бегалците. Курц исто така рече дека ако има потреба, можно е да се отворат нови бегалски кампови на грчко-македонската граница, јавува Anadolu Agency (AA).
Курц рече дека Австрија е втора земја во однос на тоа колку изнесува бројот на примени мигранти по жител, односно 90 илјади, што сепак според него "за една мала држава не е малку". Исто така, тој додаде дека Република Македонија мора да биде подготвена да комплетно да го стопира влезот на мигрантите со Грција без оглед на тоа што по Грција, Македонија е првата земја која се соочува со бегалската криза.
"Разговаравме за постапката на Австрија во однос на мигрантите, "Како прво моравме да утврдиме горни граници за 2016-та, а тоа ќе бидат 37.500 мигранти кои ќе можеме да ги примиме, а одредивме и дневни контингенти, односно број на мигранти по ден на кои ќе им се дозволи влез. За некој месец нашата максимална бројка веќе ќе биде постигната така што Австрија ќе мора ги стопира мигрантите на границата. Австрија е една од тројката најпосакувани целни земји за мигрантите, покрај Германија и Шведска, а Шведска веќе направи слични одлуки што значи од овие наши одлуки ќе има секако последици долж рутата којашто е засегната,а меѓу кои е и Македонија. Македонија мора да биде подготвена комплетно да го стопира влезот на мигрантите со оглед на што по Грција таа е првата држава којашто се соочува со мигрантите“, изјави Курц, додаваќи дека е задоволен од соработката со македонските власти, како и дека истото не било возможно со Грција.
Австрискиот министер за надворешни работи не ја отфрли можноста за отворањето на нови бегалски прифатни центри и кампови на грчко-македонската граница, што според него ќе зависи од бројката на мигранти.
Според министерот за наадворешни работи на Република Македонија, кога е во прашање бегалската криза,највжано е секој да ја врши својата работа во однос на сопствената територија, при што крајната цел е постигнување резултат кој ќе обезбеди хуман третман и безбедна ситуација во однос на справувањето со оваа криза. Попоски нагласи дека во разговорите со неговиот австриски колега, Себастијан Курц, се согласиле дека бројот на пропуштени бегалци во Македонија ќе зависи од вкупната бројка на тоа колку мигранти ќе бидат примени во земјите членки на Европската унија.
„Бројот на примените мигранти ќе зависи од тоа колку мигранти ќе бидат примени во земја членка на ЕУ, односно колку што ќе биде тој број, толку ќе пуштиме да транзитираат низ Македонија. Единствениот начин на кој ќе се влегува во Македонија ќе биде на легално место каде што може да се направи регистрација. Целата помош која е понудена од Австрија и другите земји е добредојдена" , рече Попоски, кој додаде дека Маекдонија до овој момент сите напори во справувањето со оваа криза ги финансиира преку средства обезбедени од даночните обврзници на Македонија и билатералната помош како оваа од Австрија. "Ја цениме помошта во персонал и опрема, без неа потешко ќе се справувавме со проблемите, а идејата е да има пријатели кои ќе помогнат, но една работа треба да биде јасна, на македонска територија газди се македоснките власти и ние одлучуваме за тоа какви мерки ќе бидат преземени“, потенцираше Попоски.
Министрите за надворешни работи на двете земји се согласија дека секоја земја која се соочува со бегалската криза, треба да настојува да ги изврши обврските на нејзината триторија, со цел да се обезбеди хуман третман. Македонскиот министер се заблагодари на поддршката од страна на Австрија за Македонија во опрема и персонал на граничната контрола, при регистрација на бегалците.
Освен за бегалската криза, Попоски и Курц разговарале и за процесот на евроинтеграциите и политичката криза во земјата, како и за економската соработка меѓу двете земји.