Ekipa
23 Мај 2016•Ажурирај: 24 Мај 2016
ВИЕНА (AA) - Во пресвртот по броењето на гласовите кои пристигнаа преку пошта, нов претседател на Австрија стана независниот кандидат Александер Ван дер Белен, кој избори тесна победа над екстремниот десничар Ноберт Хофер, јавува Anadolu Agency (AA).
По вчерашното гласање, ниту еден кандидат не сакаше да прогласи побледа бидејќи резултатот беше речиси изедначен. Двата кандидати денес чекаа гласови кои пристигнуваат по пошта.
Како наведуваат австриските медиуми, преку пошта се пратени околу 750.000 гласови, што е околу 12 отсто од вкупниот број на гласови.
Се додава дека гласовите кои пристигнуваат преку пошта сепак направиле разлика и како што наведуваат австриските медиуми, новиот претседател на Австрија е Александар Ван Белен кој освои повеќе гласа од својот противкандидат.
Хофер во понеделник попладне преку Фејсбук го призна поразот на претседателските избори, истакнувајќи дека е тажен поради пресвртот
„Би бил пресреќен да имав прилика да се грижам за нашата преубава земја во улога на претседател", напиша Хофер.
Истакна дека придонесот на неговите приврзаници кои го поддржаа на претседателските избори, како што рече е инвестиција за во иднина.
Потсетуваме, Министерството за внатрешни работи на Австрија вчера ги соопшти прелиминарните резултати од денешните избори, според кои кандидатор на радикално десничарската Слободарска партија (FPO) Хофер победи на избори освојувајќи 51,9 отсто од гласовите. Неговиот опонент кој ја имаше поддршката од Партијата на зелените и австиската левица Александер Ван Белен освои 48,1 отсто од гласовите. Во меѓувреме се чекаше на преостанатите гласови од австриската дијаспора.