Hüseyin Erdoğan
13 Април 2016•Ажурирај: 14 Април 2016
САРАЕВО (AA) – Цената на сировата нафта брент во среда наутро достигна 44,05 долари по барел што според службените податоци е најголем ниво од 7 декември минатата година, јавува Anadolu Agency (AA).
Глобалната цена на нафтата започна да расте благо минатата седмица поради најавата на состанокот на ОПЕК и земјите кои не се членки на ОПЕК на 17 април, а на кој би требало да се постигне дофовор за замрзнување на производството на нафтата.
Во вторник со сировата нафта брент се тргуваше по цена од 43,40 долари по барел.
Во меѓувреме, во САД цената на WTI сировата нафта изнесува 41,38 долари по барел.
Состанокот на земјите на ОПЕК и оние кои не се членки, ќе се одржи на 17 април во Доха, за да с разговара за замрзнување на производството на нафта со што сака да се запре падот на цената на светските пазари. Претходно Русија и Саудиска Арабија се договорија да го замрзнат своето производство на ниво од јануари оваа година за да се спречи понатамошниот пад на цената на нафтата.