Erbil Başay
25 Јануари 2018•Ажурирај: 25 Јануари 2018
БЕРЛИН (AA) – Германскиот министер за надворешни работи, Зигмар Габриел изјави дека неговата земја и Франција ќе бидат за земање в предвид на безбедносните интереси на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Во писмено соопштение Габриел истакна дека германската Влада е загрижена за воениот конфликт во северниот дел на Сирија, и затоа тие заедно со Франција се за запирање на тензиите, за можноста за воведување хуманитарна помош и за заштита на цивилното население.
„Ние заедно со Франција ќе бидеме за земање в предвид на безбедносните интереси на Турција. Меѓутоа, постои можност за политички преговори за мирот и стабилноста во Сирија и ова не треба да биде запрено со воени конфликти“, рече германскиот министер за надворешни работи, додавајќи дека истото многу пати го упатил и до турската Влада.
Шефот на германската дипломатија рече дека побарал од генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, да разговараат за ситуацијата во Сирија и во северниот дел на земјата.
Во врска со продажбата на оружје, Габриел изјави: „Ние не продаваме оружје на области во кои постојат тензии и очигледно е дека нема да го сториме тоа никогаш. Освен тоа, продажбата на оружје ќе игра важна улога во преговорите за коалиција. Затоа како техничка влада ќе го чекаме исходот од тековните преговори за коалиција. Ќе почекаме формирање на нова влада за овие критични преговори.