Kemal Karadağ
25 Април 2022•Ажурирај: 25 Април 2022
АНКАРА (АА) - Најмалку тројца терористи се неутрализирани во југоисточната турска област Ширнак, како дел од операцијата „Ерен Аблука-5“ (Блокада) во земјата, изјави денес турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Сојлу преку твит истакна дека операцијата за неутрализирање на терористите била спроведена заеднички од специјалните сили и тимовите на жандармеријата.
Без да ја прецизира терористичката организација, тој ги повика терористите да се предадат.
Тој понатаму рече дека операцијата била поддржана од борбени дронови.
Турција ги започна операциите „Ерен“ минатата година, именувани по Ерен Булбул, 15-годишно момче убиено од терористичката организација ПКК на 11 август 2017 година.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на најмалку 40.000 луѓе, вклучувајќи жени, деца и доенчиња.