Gözde Bayar
07 Октомври 2020•Ажурирај: 07 Октомври 2020
АНКАРА (АА) - Турските сили неутрализираа двајца терористи ЈПГ/ПКК во обид да се инфилтрираат во подрачјето каде што се спроведуваше антитерористичката операција во северна Сирија, соопшти денеска турското Министерство за национална одбрана, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Двајца терористи на ЈПГ/ПКК, кои се обидоа да се инфилтрираат во регионот на операцијата „Извор на мирот“ беа неутрализирани од нашите командоси херои“, се вели во соопштението на Министерството.
Оттаму се додава дека операциите продолжуваат.
Од 2016 година Турција спроведе четири успешни прекугранични антитерористички операции во северна Сирија за да спречи формирање терористички коридор: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018), „Извор на мирот“ (2019 година) и „Пролетен штит“ (2020).
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои се наоѓаат и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.