Zafer Fatih Beyaz
07 Октомври 2020•Ажурирај: 07 Октомври 2020
КУВАЈТ (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, со специјалниот авион ТУР пристигна во Кувајт, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган на аеродромот во Кувајт беше пречекан од страна на кувајтскиот емир, шеикот Наваф ал Ахмед ал Џабир ал Сабах, претседателот на Советот на Кувајт, шеикот Али Џерах ес Сабах, директорот на протоколот, Халид ал Абдулах ес Сабах, амбасадорката на Турција во Кувајт, Ајше Хилал Сајан Којтак, како и од други официјални лица.
Турскиот претседател се состана со кувајтскиот емир, шеикот Наваф ал Ахмед ал Џабир ал Сабах, кој оваа функција ја презеде минатата недела откако почина Сабах ал Ахмед ал Џабир ес Сабах. Ердоган упати сочувство до него.
Турскиот претседател е придружуван од турскиот министер за трезор и финансии, Берат Албајрак, министерот за млади и спорт, Мехмет Касапоглу, министерот за национална одбрана, Хулуси Акар, шефот на турската национална разузнавачка служба МИТ, Хакан Фидан, шефот на Одделот за комуникации при турското Претседателство, Фахретин Алтун и портпаролот на турското Претседателство, Ибрахим Калин.