Muhammet Tarhan
07 Октомври 2020•Ажурирај: 08 Октомври 2020
ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ (АА) - Турција во својата декларација до Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) истакна дека треба да се почитува и гарантира културниот и религискиот идентитет на ујгурските Туркијци, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Турција, на 3. Состанок на Комитетот за социјални, културни и хуманитарни работи, во рамките на 75. Генерално собрание на Обединетите нации (ОН), уште еднаш го истакна принципиелниот и решителен став за ујгурските Туркијци и другите муслимански малцинства.
Во Декларацијата Турција апелира до целиот свет да се заштитат етничките, културните и верските права на Ујгурите.
Исто така, во Декларацијата се изразува загриженост за практикувањето на човековите права кои се спроведуваат врз ујгурските Туркијци и другите муслимански малцинства во автономниот регион Ксинџијанг.
Турција во Декларацијата бара ујгурските Туркијци и другите малцинства во автономниот регион Ксинџијанг да живеат во мир како рамноправни граѓани на Кина и да се почитува и гарантира нивниот културен и религиозен идентитет.
Од друга страна, дипломатски извори наведуваат дека Турција, и во билатералните контакти со Кина и на меѓународната сцена, силно потенцира дека треба да се почитуваат основните права и слободи на ујгурските Турци.