Zafer Fatih Beyaz
07 Октомври 2020•Ажурирај: 07 Октомври 2020
ДОХА (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, со специјалниот авион ТУР пристигна во катарскиот главен град Доха, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган на аеродромот во Доха беше пречекан од страна на министерот за одбрана на Катар, Халид бин Мухамед ал Атијах, амбасадорот на Турција во Доха, Мехмет Мустафа Ѓоксу, како и од други катарски и турски официјални лица.
Турскиот претседател е придружуван од турскиот министер за трезор и финансии, Берат Албајрак, министерот за млади и спорт, Мехмет Касапоглу, министерот за национална одбрана, Хулуси Акар, шефот на турската национална разузнавачка служба МИТ, Хакан Фидан, шефот на Одделот за комуникации при турското Претседателство, Фахретин Алтун и портпаролот на турското Претседателство, Ибрахим Калин.
Ердоган ќе се состане со катарскиот емир, шеикот Темим бин Хамед ал Тани.
Се предвидува Ердоган и Ал Тани да разговараат за можностите уште повеќе да се развие постоечката соработка меѓу двете земји, како и да разменат мислења за регионални и меѓународни теми.