Fahrettin Gök
24 Јули 2016•Ажурирај: 25 Јули 2016
ЕРЗУРУМ (АА) - Во двор на приватен женски студентски дом Рефи Ханим во Ерзурум за кого, во рамките на истрага на пучот, е донесена одлука за затворање, пронајдено е и запленето 897 стебленца на канабис сатива, јавува Anadolu Agency (AA).
Во согласност со донесената одлука во рамките на вонредната состојба, во Ерзурум започна затворање на училишта и студентски домови за кои е утврдено дека се поврзани со терористичката организација.
Членовите на стручниот тим отишле до приватниот студентски дом Рефи Ханим со намера да го затворат. Во прилика на правење попис на работите во и околу домот, во дворот се откриени засадени стебленца на канабис сатива, кои се уништени.
Официјалните лица притоа го затворија и машкиот студентски дом Рамиз Ефендије, која го носи името на таткото на Фетулах Ѓулен, водичот на терористичката организација ФЕТО/ПДЈ и приватното основно училиште Карделен.
Во рамките на истрагата приведени се три лица вработени во домовите и училиштата.