Fikret Mazı
15 Мај 2016•Ажурирај: 15 Мај 2016
ЈАЛОВА (АА) - Али Челик (86) од местото Чифликој во турската покраина Јалова, која се наоѓа на северозападниот дел на земјата, е повикан на служење на војска, јавува Anadolu Agency (AA).
Челик изјави дека и покрај тоа што отслужил војска во периодот од 1950 до 1952 година, на негово изненадување му пристигнал повик за војска.
Таткото на три деца и дедо на седум внучиња истакна дека се упатил кон надлежните власти да ја исправат грешката, бидејќи тој војската ја отслужил во градовите Карс и Ардахан, во североисточниот дел на Турција.
Истакна дека минатиот месец во Анталија ги затекнало изненадување за него и неговото семејство.
„Во раните утрински часови три полицајци дојдоа да ме однесат бидејќи не сум отслужил војска. Бев шокиран. Бев соочен со незамислива ситуација. Ми падна тешко што полицајците дојдоа да одведат 86-годишен граѓанин кој ја извршил својата должност кон државата. Навистина ми беше жал. Две години чесно отслужив војска”, појасни Челик.
Тој нагласи дека ја сака својата држава и дека ако е потребно ќе отслужи уште две години војска.