İlyas Gün
14 Мај 2016•Ажурирај: 15 Мај 2016
САМСУН (АА) - Во градот Самсун, на турскиот брег на Црното Море, формиран е воен оркестар кој се состои од студенти од 13 земји од целиот свет кои доаѓаат во овој град да учат, јавува Anadolu Angecy (AA).
Оркестарот е формиран под покровителство на Турската агенција за меѓународна кординација и развој (ТИКА), Здружението на студенти во Самсун, а се состои од 30 студенти од Босна и Херцеговина, Македонија, Косово, САД, Сирија, Пакистан, Азербејџан, Авганистан, Пакистан, Сомалија , Либерија и Замбија.
По четири недели подготовка, "меѓународната воениот оркестар" ќе настапи на завршната програма на Меѓународните студентски средби, кои ќе се одржат во недела, 15 мај, во Истанбул. Учениците ги обучуваше Зафер Ислек, кој рече дека ова е невиден оркестар и дека во нема студенти од Турција. Како што рече, тој прво го основал женскиот воени оркестар во Турција, а имал среќа да го основа и првиот меѓународен воен оркестар.
"Тешко беше да се изберат членовите, бидејќи имаше многу кандидати. Оваа љубов на учениците према Османскиот период многу ме направи среќен. За четири недели успеавме да го направи невозможното", рече Ислек.
Али Aбдивали од Сомалија, изјави студентите доаѓаат од различни земји, но сите тие се како браќа и дека разликите меѓу нив не се гледаат. Ибрахим Насир од Авганистан изјави дека воен оркестар е дел од светската историја.
"Со тоа што сум дел од воениот оркестар, се чувствувам се чувствувам како да патувам низ времето. Носиме облека која е носена во времето на Османското царство го и доживуваме она што тие го поминале", рече Ибрахим.