Selin Çalık Muhasiloviç
14 Мај 2016•Ажурирај: 15 Мај 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Во Истанбул започна „Меѓународниот симпозиум за балканистика“ организиран од страна на Фондацијата за наука и уметност и Министерството за дијаспора, јавува Anadolu Agency (AA).
На отворањеето на Симпозиумот, членот на институтот за историја на принципите и револуцијата на Ататурк, проф. д-р Ајдин Бабуна, говореше за важноста на Студиите за Балканот и Источна Европа во ерата на глобализација.
Според изјавата на Бабуба, студиите за Балканот и Источна Европа, особено во академските кругови во Америка се поделени во две насоки.
„Една од основните причините за Источноевропските студии е Студената војна, додека Балканските студии се базираат на долгата историја“, истакна Бабуна.
Во насока на воспоставување на нова соработка на веќе постоечката политичката, историската, културна и социјална поврзаност меѓу Министерството за дијаспора на Турција и Косово, на Симпозиум беше претставена програмата „2016 - година на Косово“ на која како прва беше презентирана темата „Косово: Идентитет и политички односи“
На овој Симпозиум кој ќе трае два дена ќе се разгледува клучните прашања, како што се политичките и општествените случувања на Балканот, историографијата и перцепција, културни и литературни настани, учествуваат 69 постдипломци и научни соработници.
Трудовите кои ќе се презентираат на англиски и турски јазик, како основна тема на разгледување го имаат идентитетот и сеќавања, историското и уметничкото богатство, надворешно политичи односи, миграција, малцинствата и актуелниот општествено-политички односи на балканските земји.