Турција

Турскиот министер Фидан за украинско-руските преговори: „Се надеваме преговорите во Истанбул да отворат ново поглавје“

„Сега, по три години огромно страдање, конечно се отвора прозорец на можности“, рече Фидан

Zehra Nur Çelik, İlayda Çakırtekin  | 15.05.2025 - Обновена : 15.05.2025
Турскиот министер Фидан за украинско-руските преговори: „Се надеваме преговорите во Истанбул да отворат ново поглавје“

АНКАРА (АА) – Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан изрази надеж дека мировните преговори меѓу Украина и Русија денес во Истанбул би можеле да го отворат патот за нов почеток, јавува Анадолу.

„Сега, по три години огромно страдање, конечно се отвора прозорец на можности“, рече Фидан во својот поздравен говор на отворањето на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО.

„Преговорите во Истанбул, се надеваме, би можеле да отворат ново поглавје“, рече Фидан.

Исто така, тој ја нагласи потребата од воспоставување безбедносна мрежа низ НАТО, која се протега од американската сојузна држава Тексас до турската престолнина Анкара.

Во воведниот говор на настанот генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ја повтори важноста на состанокот и потребата да се разговара за тоа како да се зајакне алијансата, така што никој нема да се осмели да ја нападне.

„Треба да разговараме како да се осигуриме дека НАТО ќе биде посилен. Тоа значи повеќе издвојувања за одбраната. Тоа значи повеќе индустриско производство за одбрана, но и како да се осигуриме дека НАТО е фер, дека подеднакво го распределуваме товарот меѓу сојузниците“, рече тој.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.