Besar Ademi
14 Април 2016•Ажурирај: 15 Април 2016
СКОПЈЕ (АА) – Група од десетици студенти на Правниот факултет во знак на револт маршираа низ улиците на Скопје, повикувајќи ги студентите и професорите на масовно учество во протестите најавени пред Собранието на Република Македонија против одлуката на претседателот Ѓорѓе Иванов за аболиција на сите политичари и прекин на сите истраги, јавува Anadolu Agency (AA).
Група студенти со слоганот “Приклучи се“ бараа оставка на претседателот Иванов и ослободување на уапсените студенти како и професорот на вчерашниот протест.
Претходно, истите студенти ја бојкотираа наставата влегувајќи во амфитеатрите во текот на предавањата и ги повикуваа своите колеги да ѝ se приклучат на топлата.
Во вчерашните протести против одлуката на претседателот уапсени се 13 лица меѓу кои и членови на Студентскиот пленум. Според студентите, еден член на Студентскиот пленум беше повреден за време на апсењето. Синоќешните протести завршија со судир меѓу полицијата и демонстрантите, откако се обидоа да го пробијат полицискиот кордон и да продолжат кон седиштето на владејачката партија.