Admir Fazlagic
14 Април 2016•Ажурирај: 15 Април 2016
СКОПЈЕ (АА) – Денеска имаше заедничко интервју со уредниците на повеќе телевизии во Македонија со претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, каде што акцентот на разговорот беше ставен на неговата одлука да ги помилува сите политичари, пренесува Anadolu Agency (AA).
Одговарајќи на новинарско прашање во врска со различните коментари околу неговата одлука, Иванов рече дека секој може да има свое мислење, но дека тој поаѓал од државен интерес.
“Поаѓав од држвен интерес, размислував да излеземе од кризата. Бизнисите се стопирани. Јавниот простор е затруен. Сите што сметаат дека сум згрешил нека ја преземаат постапката за утврдување на одговорност” , одговори претседателот Иванов.
Исто така, Иванов за време на дебатата со новинарите во неколку наврати истакна дека намерата на неговата одлука да аболицира политичари е државниот интерес кој треба да биде приоритет.
Помеѓу останатото, Иванов ја спомена бегалската криза и начиот на кој Република Макеоднија се справува со неа кажувајќи дека низ земјата поминале повеќе од милион бегалци и дека земјата успешно се справува со бегалската и мигрантската криза и покрај сите потешкотии. Според претседателот Иванов, важно е да се постигне помирување помеѓу самите Македонци.
“Постигнавме помирување помеѓу Македонците и Албанците, но не и помеѓу самите Македонци. Македонец на Македонец рака да дига, да убива ...” рече Иванов.
Осврнувајќи се на состојбата во државата Иванов истакна дека во Македонија постојат надворешни фактори кои ја детерминираат состојбата во државата, но при тоа не спомнувајќи конретно кои се тие надворешни фактори.
“Некој не сака Македонија да успее некој помага Македонија да не успее”, рече Иванов.